Дури 28 отсто од туристите се ослонуваат на советите што им ги дава вештачката интелигенција
Компанијата за сајбер безбедност Kaspersky шокираше – во едно свое истражување откри дека 28 отсто од испитаниците користат вештачка интелигенција за планирање на своите туристички патувања. И не само тоа – скоро сите од нив (96 отсто) се задоволни со искуствата, а 84% планираат да ја користат и во иднина. Зошто, нема да коментираме, исто како и што од Kaspersky не коментираа, туку место тоа дадоа совет кој треба да го послушаме. А тоа е дека најмалку два пати да се проверуваат информациите што вештачката интелигенција ќе ни ги даде, посебно ако се однесуваат за купување преку интернет, резервирање хотел или нешто слично што подразбира споделување лични податоци преку интернет.


