Заглави ли JLR меѓу желбите и можностите?
Иако транзицијата на Jaguar Land Rover кон електричната иднина неповратно е започната, се споменува дека може да дојде до застој во плановите. Jaguar ја вложи целата своја иднина на потполно нова електрична гама а според поранешните вести за електричниот Range Rover наводно биле заинтересирани повеќе од 60.000 луѓе. Добра основа за понатаму би рекле но тогаш дојде Трамп и сé тргна наопаку. Заради нарушениот пристап на американскиот пазар но и низа други проблеми, купувачите изгледа ќе мора малку подолго да почекаат на електричните модели на двете марки. Групата во моментов додека продажбата драстично паѓа крои планови како да скрати на трошоците така што ништо не е извесно.
Поранешните планови предвидуваа Range Rover да го лансира електричниот кросовер при крајот на 2024-тата додека Jaguar на средината на 2026 година да стартува со две електрични лимузини. Но тие термини беа поместени бидејќи на развојните инженери им беа потребни повеќе тестирања а одговорните за продажба пак сметаа дека побарувачката прво треба повеќе да порасне. Бидејќи тоа нема да се случи така бргу, останува нејасно што ќе прави JLR во меѓувреме.


