Од производствените погони на Porsche во Лајпцих излезе милионитиот Macan
Porsche со гордост извести дека го произвел милионитиот примерок на Macan. Претставен 2013-тата, овој модел го симболизира растот и промената на Porsche но и на фабриката во Лајпцих каде се произведува. Заради него таа од погон со делумни капацитети нарасна во комплетен производствен објект создавајќи 1.500 нови работни места. Првата генерација беше бензинска, на почетокот и дизел а втората сега е електрична со што оваа доби висок степен на флексибилност. Славеничкиот модел отиде во рацете на купувач од Германија. Porsche од Macan лани продаде вкупно 82.795 примероци глобално.



