Stellantis се откажува од водородот

Откако пазарот на возила на водород не покажа изгледи за развој на среден рок, Stellantis одлучи да ја прекине својата програма за развој на овие технологии

Стартуваше со големи надежи но нагло си отиде од сцената уште пред да има шанса да покаже резултати – Stellantis повеќе нема да развива возила со погон на водород. Причините се јасни и не треба да се елаборираат – ограничената инфраструктура за полнење, високите инвестициски трошоци и слабиот интерес на купувачите. Во својата одлука компанијата наведува дека го откажува производството на комби возила со горивни ќелии во своите погони во Франција и Полска и дека до крајот на деценијата не предвидува наново стартување на развојот на овие технологии. Останува само да се истражат опциите во врска со компанијата Symbio задолжена токму за оваа цел, која Stellantis со еднаков удел заеднички ја поседува со Michelin и Forvio. Според плановите, Stellantis требаше да понуди осум варијанти на средни и големи комерцијални возила со горивни ќелии.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER