Во однос на стандардниот модел Vantage S е посилен и попрефинет
Aston Martin како да сака да го трансформира Vantage од елегантен гран-турер во суперавтомобил – осумнаесет месеци после премиерата на реинкарнираниот модел сега пристигнува и неговата S изведба која е посилна, побрза и порафинирана. Прилагодувањата се опсежни и опфаќаат скоро сé. Четирилитарскиот V8 мотор е навиен на 680 KS кои пренесувани на задните тркала преку осумстепен ZF менувач помагаат да се достигнат 100 km/h за 3,4 секунди и максимални 325 km/h.
Значајни промени се направени и на ослонувањето кое има Bilstein DTX прилагодливи амортизери и нови задни пружини. Главна карактеристика на дизајнерските корекции кои обезбедуваат малку поголема агресивност и подобра аеродинамика се поизразените отвори за воздух на поклопецот на моторот. Црвените детали ја нагласуваат појавата а големиот заден спојлер додава 44 kg сила на прилепување при максимална брзина. Во внатрешноста ажурирањата се дискретни – немаше потреба за повеќе.
Деталите за цената не се објавени а во понуда ќе биде и родстер варијанта со мек покрив. Испораките се предвидени да стартуваат од крајот на годинава.




