Nissan – Генерацијата E-Power 2 ветува многу

Новата генерација на Nissan e-Power ги демантира елктричните возила. Еве зошто…

Пред неполна година бевме на тестирањето на Nissan Qashqai со e-Power систем.

Ова е алтернативен погон што ги избегнува многуте предизвици на елктричните возила. Пред сé, тоа решение е еколошко и ги заобиколува предизвиците на полење на батериите, што знае да биде многу фрустрирачки. Задржан е моторот од 1,5 литри со системска моќност од 190 КС, како и истата големина на батеријата, но  новата единица е покомпактна, полесна и поекономична која бележи потрошувачка на гориво од 4,5 литри на 100 км.

Со опсег до 1.200 километри, електричниот хибрид дури ги надминува и неколку дизел модели. Nissan верува во концептот на продолжување на опсегот без да се потпира на plug-in хибрид. Со релативно моќност од 158 КС за бензински мотор кој служи само како генератор, Nissan има за цел да ги задоволи очекувањата на европските клиенти.

Во зависност од ситуацијата на возење, генерираната електрична енергија не само што се влева во батеријата од 2,1 kWh, туку и делумно оди директно во електричниот мотор со 330 Nm вртежен момент. Новиот трицилиндричен мотор работи поглатко и потивко од претходниот.

Заклучокот е дека погонот e-Power од втората генерација троши 0,6 литри на 100 километри помалку. Ова ги намалува емисиите на CO2 за 14 грама на километар. При препорачаната брзина на автопат, таа би требало да биде дури и до 1,3 литри помалку од претходно. Со новиот e-Power погон, интервалите за одржување се продолжени од 15.000 на 20.000 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER