Изгледа моќно, најавува 1.360 електрични коњи, но ниту на крај на паметот нема да погодите за што е направена оваа зашеметувачка студија!

Mercedes-AMG се катапултира во електромобилноста. За следната година најавен е првиот електричен автомобил од расната дивизија на Mercedes која е позната по мускулестите изведби на штутгардската ѕвезда.

Наскоро моќните бензинци со шест и осум цилиндри ќе ги заменат електро-моторите способни да испорачаат далеку повеќе сила.

Концептот AMG GT XX е хечбек со четири врати и поставен е на новата платформа на куќата. Тој е замислен да му биде ривал на Posche Tycan. Сега буквите EQ станаа EA и означуваат „електрична архитектура“.

И таа е моќна. Трите електрични мотори на GT XX генерираат над 1000 kW на сите тркала, а 5,20 метри долгата каросерија има рекорден коефициент на отпор на воздухот од 0,198 и достигнува максимална брзина над 360 км/ч.

Но, оние што внимателно ги читаат соопштенијата доаѓаат до сосема поинаков заклучок на вистинската улога на Concept GT ХХ.

Трикот лежи во регулативите и како планира Mercedes, па и неговата ексклузивна филијала AMG, да се справи со нив. БЕВ се тивки возила и една од обврските за производителите е тие да емитираат звуци за да биде околината, особено пешаците, свесни за нивната присутност.

Инженерите на AMG најдоа иновативно решение вградувајќи звучници во фаровите и задните светлосни групи кои ќе емитираат звуци. И тоа не обични, туку синтетички звуци од V8 мотор. Лажниот звучен сигнал од мотор на согорување ќе ги предупредува пешаците за присуството на тивките БЕВ. Значи, светлата не се првенствено дизајнирани да му помогнат на возачот да гледа во темница, ниту возилото да биде видено, туку возилото да биде слушнато!

Оние што ќе се возат во автомобилот, исто така ќе слушаат звуци, иако тие ќе бидат испорачани преку звучниците во кабината. И, на крај, но не последно, повторно прочитано меѓу редови, е податокот за батеријата. Таа би требало да има капацитет од 114 kWh и теоретски би можела да се полни на полначи посилни од 850 kW, што би додало 400 км автономија за само 5 минути. Прекрасно, но да бидеме реални, полначи со таква брзина во Европа или Америка нема.

Само во Кина се најавени полначи со моќност од еден мега-ват, па повеќе од јасно е дека првото БЕВ на AMG се „крсти“ во Кина. Можеби ќе успее доколку ја прилагоди цената на тамошните возила кои располагаат со слична сила и перформанси, но со далеку помала цена. Дали aргументот дека во производството на идното БЕВ на AMG ќе бидат употребени био-технолошки материјали ќе помогне, повторно зависи од цената…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER