Микровозилата решение за урбаниот превоз?

Сé поголем број производители размислуваат за микровозила. Најдобар пример за тоа е групацијата Stellantis,

која има три такви модели во понудата, но тој тренд зема сериозен замав каде се приклучуваат и стартапи, но и традиционални производители.  Урбаните метежи кои го носи динамиката на современиот живот ги предизвикаа младите креативци од францускиот стартап ÆMotion да размислуваат неконвенционално создавајќи возилото за кое во моментов нема соодветен збор за опишување.

Се работи за скутер со четири тркала кој се навалува во возењето низ свиоци но има затворена каросерија со врати што се отвораат нанагоре. Широко е само 79 сантиметри со што без тешкотии се пробива низ загушениот градски сообраќај носејќи во себе двајца патници. Најголемата брзина што ја развива е 115 километри на час а автономија му изнесува 200 километри.

Постои и изведба со батерии кои се менуваат со полни кога ќе се испразнат но тие се доволни само за поминување 70 километри. Првите примероци ќе се појават на пазарот при крајот на годинава а цената засега сé уште не е позната.

Со слична идеја но за сосема друга намена се водеше и американската филијала на Honda која лансираше квадрицикл наменет за превоз на товар. Димензиите му се прилагодени да може да се вози по велосипедска патека заради што постигнува само 20 километри на час.

Но затоа има носивост од дури 295 килограми, а изменливите батерии обезбедуваат автономија од 37 километри. Покрај Америка, планирано е да се продава и во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER