Групацијата Stellantis денес официјално доби нов главен извршен директор на кој го најави својот нов лидерски тим
Со влегувањето во новиот кабинет на челната позиција на Stellantis, Антониот Филоса го најави својот тим и неговата одлука стапува на сила веднаш. Новите назначувања се темелат на организациските промени објавени во февруари 2025 година. Решенијата опфаќаат искусни луѓе кои долго време се инволвирани во групацијата и тие се, како што вели Филоса, сè што е најдобро во Stellantis, и сега се направени 16 нови назначувања во кои се опфатени неколку познати имиња од претходната структура.
Челниците на вкупно 14-те бренда што се наоѓаат под чадорот на Stellantis допрва ќе бидат објавени. Покрај куртоазните изјави за својот тим, Антонио Филоса со својата позиција главен извршен директор на групацијата, ја задржува својата улога како раководител за Северна Америка и американските брендови. Антониот Филоса го очекува долга и макотрпна реорганизација не само на раководните структури, туку и на производите на групацијата која под водството на Карлос Таварес ги обезличи и недостојно ги унифицира сите марки.

