Во својата главна европска фабрика во Келн која има скоро стогодишна традиција, Ford започна со производство на батериски пакети за Explorer и Capri.
Новата дигитализирана линија е дел од инвестициите вредни две милијарди долари вложени за трансформација на погоните за производство на електрични возила.
Со тоа се обезбеди постигнување висок стандард на квалитет и голема ефикасност. За намалување на внатрешниот транспорт и ускладување на процесот на склопувањето на возилата битно беше тука да се организира и производството на батериски пакети за што се монтирани 180 нови роботи.
Тие на лентата долга скоро два километри ги заваруваат, лепат и прицврстуваат со завртки куќиштата на батериите во кои има до 12 батериски модули со вкупно 2.775 поединечни делови.


