Škoda Elroq RS – Ем електричен, ем спортски

Шест месеци по премиерата Elroq доби RS изведба

Во својата стратегија Škoda се потпира на мотори на согорување, електрифицирани погони, но сепак акцентот го става на спортските изведби на струја.

Сега со беџот RS се закити електричниот компактен кросовер Elroq со погон на сите тркала. Со неговите два електрични мотори произведува 250 kW и забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди. Покрај перформансите, направени се дизајнерски зафати за да ја оправда спортската вокација.

Од надвор ќе го препознаете преку алуминиумските тркала од 21 инчи,  црни детали на каросеријата и затемнетите задни прозорци. Сериски е додадено адаптивно потпирање со прилагодливи амортизери и прогресивно управување.

Внатрешноста комбинира перфориран и неперфориран тапацир од микрофибер со синтетичка кожа, декоративни украси со изглед на јаглерод и контрастни шевови во лимета зелена боја. Загреваниот спортски волан со три краци ја носи значката RS и е покриен со перфорирана кожа.

Škoda Elroq RS има хед-ап дисплеј со функционалност за зголемена реалност и специјално развиен аудио систем од 675 вати со дванаесет звучници. Ветена е автономија од над 540 километри.

Максималната брзина е ограничена на 180 км/ч, а полнењето поддржува сила до 185 kW што е доволно батеријата од 79 kWh да се наполни од 10 до 80 % за 26 минути.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER