Бомба – Лука де Мео го напушта Renault!

Креаторот на ренесансата на групацијата Renault  реши да ја напушти водечката позиција…

Веста дека еден од најискусните и најпродуктивните менаџери во автомобилската индустрија ги дигна рацете од браншата одекна како бомба.

По 5 години на чело на групацијата Renault, вчера доцна попладне, Лука де Мео ја објави својата одлука да се повлече од позицијата и да се соочи со нови предизвици надвор од автомобилскиот сектор. За тоа беше итно собран Управниот одбор, свикан од претседателот Жан-Доминик Сенард.

На состанокот му беше изразена благодарност на Лука де Мео за пресвртот и трансформацијата на групацијата Renault и прифати дека неговото заминување ќе стапи на сила од 15 јули 2025 година. Лука де Мео ја започна својата кариера во Toyota Франција, по што се префрли во FIAT каде беше челник на Abarth и главен маркетинг менаџер на групацијата.

По несогласувањата со Серџо Маркионе ја продолжи кариерата во групацијата VW каде беше на високи позиции, а потоа стана прв човек на ЅЕАТ. Тој е главен архитект и најзаслужен што брендот Cupra стана реалност. Пет години ја водеше групацијата Renault и ја предводеше во трансформацијата во која францускиата групација се искачи на повисоко скалило и стана еден од лидерите на модернат трансформација во ново настанатите глобални текови во индустријата.

Одлуката Лука де Мео да ја смени браншата покрена лавина шпекулации. Според францускиот Фигаро, тој ќе застане на чело на Kering, француска групација на луксузни марки која ги поседува Yves Saint Lorain, Gucci, Balenciaga…

Сепак, за новото работно место официјална информација ќе се објави по 15-ти јули до кога Лука де Мео ќе ги извршува своите должности во Renault. До тогаш Управниот одбор ќе го заврши процесот на назначување нов извршен директор.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER