И покрај декларативните заложби за електрификација, Американците немаат намера да се откажат од големите V8 машини
General Motors потврди дека подготвува нивна шеста генерација. За таа цел компанијата ќе инвестира точно 888 милиони долари во фабриката во Бафало каде и сега се произведуваат ваквите агрегати.
Оваа сума е најголема поединечна што компанијата ја вложува во некој свој погон за моторна техника – причината е што фабриката која ќе се реновира со целосно нова машинерија е во функција од 1937 година.
За спецификациите на новата генерација големи бензинци малку се знае – сé што кажуваат од производителот е општо, дека ќе имаат повеќе сила, ќе трошат помалку гориво и ќе бидат поеколошки.
Сегашните V8 агрегати на General Motors имаат зафатнина меѓу 5,3 и 6,6 литри и располагаат со максимални од 355 до дури 1.064 коњски сили кај Corvette ZR1. Но легендарниот спортски модел не се споменува како кандидат за новите мотори чие производство ќе започне во 2027-мата.
Тие според соопштението на GM ќе бидат наменети за големите теренци и пикапи како што се Chevrolet Silverado и Suburban или GMC Sierra и Yukon. Можно е да го добие и Cadillac Escalade бидејќи компанијата се откажа од своите планови до крајот на деценијата да има целосно електрична гама.

