Европската Унија преку лизинг ќе ја забрза електрификацијата

ЕУ ќе раздава 16 милијарди евра за електрификација на возниот парк на жителите

Во последно време многу копја се кршат околу ЕВ. Додека производителите ретерираат од амбициозните планови поради објективните случувања на пазарот, ЕУ не отстапува од својата агенда. БЕВ не се популарни на пазарот, но затоа се забележува раст на возилата со хибриден погон.

Тоа се должи на неколку фактори, пред се високата цена на БЕВ, инфраструктурата за полнење и цената на струјата на брзите полначи. Поради тие причини, БЕВ се достапни само на добро ситуираните граѓани. Но што правиме со останатите, особено со оние што ни во сон не можат да си дозволат БЕВ?

ЕУ планира на послабо ситуираните семејства посебно оние кои живеат во рурални средини, да им биде понудена финансиска помош за набавка на електричен автомобил на лизинг. Очекувањата се дека оваа програма која веќе е активна во Франција, а ќе биде проширена и во други земји, до 2032 година ќе опфати околу три милиони домаќинства. Планот е заедно со субвенциите во цената месечната рата за лизинг да изнесува меѓу 130 и 215 евра, што навистина е прифатливо.

Идејата за лансирање ваков проект произлезе од анализите кои кажуваат дека електричните автомобили сега се прескапи дури и за домаќинствата со средни приходи, така што субвенциите за нив главно одат кај оние кои имаат доволно пари да платат полна сума. Средствата за оваа намена се проценети на 16 милијарди евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER