Xiaomi YU7 – Луксузен а евтин

Откако лани го направи својот исчекор во автомобилскиот бизнис, технолошкиот гигант Xiaomi ја продолжува својата офанзива со нов модел.

Атрактивно дизајниран, петметарскиот луксузен кросовер означен како YU7 ќе пристигне на пазарот во јули а при крајот на годинава и во Европа.

Ќе се произведува во нова фабрика која се гради специјално за него а цените во Кина се очекуваат да стартуваат од 40 илјади евра.

Новиот адут директно ќе го напаѓа Tesla Model X со три верзии. Основната има еден електромотор од 320 коњски сили сместен назад и батерии доволни за автономија од дури 835 километри. Следи помоќната верзија која со уште еден електромотор на предната оска располага со 495 коњи, додека топ моделот во понудата нуди 690 коњски сили.

Брзото полнење е обезбедено со 800-волтната архитектура и максималната подржана моќност на полначите од 400 киловати. Големо внимание е посветено на аеродинамика на каросеријата која има 10 канали за проток на воздухот и 19 оптимизирани отвори за негово прецизно насочување, со што е постигнат коефициент на отпорот од само 0,245.

Широчината од два и меѓуоскиното растојание од три метри обезбедуваат пространа внатрешност во која доминираат панорамскиот екран сместен во подножјето на ветробранското стакло и големиот централен дисплеј.

Луксузната изведба ја нагласуваат материјалите, високотехнолошката опременост и доста детали како што се стаклениот покрив и седиштата со масажа. Патниците назад ќе уживаат во патувањата благодарејќи на посебните контроли на климатизацијата и системот за забава со два екрана.

Xiaomi од својот прв модел SU7 за 14 месеци успеа да продаде 260 илјади примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER