Новата генерација на компактниот кросовер порасна во сите смерови и има три погонски склопови
Американскиот член на групацијата Stellantis со новиот Compass сака да се пробие глобално. Сега Compass се одликува со поцврст, модерен изглед и просторно порасна.
Првично ќе се појави во Европа оваа есен, а потоа ќе го освојува американскиот и останатите пазари. Штотуку претставениот Јеер Compass е поставен на новата средна платформа на Stellantis и нуди различни електрифицирани погонски склопови, од благ хибрид, приклучен хибрид до целосно електрични верзии.
Однадвор има поиспеглан изглед. Тој ги зема дизајнерските елементи и од својот помал брат, Avenger и од поголемиот Wagoneer S, со остри браници, јасни LED светла и ултра-тенки предни дифузори за воздух. Ставот на кросовер е подобрен со квадратни лакови на тркалата и дарежлива пластична облога. Пократките предни и задни надвиснувања му даваат на Compass побрз и поагилен изглед, особено во споредба со неговиот претходник.
На тоа се надоврзуваат подобрениот коефициент на отпор и шест бои на каросеријата. Во внатершноста најавен е поголем простор и подобрна дигитализација. Кокпитот има 10 инчен дисплеј за инструментите поврзан со голем 16 инчен инфозабавен екран.
Тие се уредно распоредени над ред прекинувачи и ротирачко копче. Централната конзола и контролната табла се нагласени со завршни обработки во алуминиумски стил, а има и многу простор за складирање на вашата опрема.
Jeep Compass ја дели основата со Peugeot 3008/5008, Opel Grandland и Citroen C5 Aircross. Тоа му овозможи за 16 сантиметри поголемо меѓуоскино растојание па Compass сега е подолг, поширок и со подолго меѓуоскино растојание.
Ова резултира со 55 mm повеќе простор за нозете и зголемување на капацитетот на максимални 550 литри. Вистинската вест е проширената понуда на мотори.
Compass ќе понуди различни електрифицирани погонски склопови, вклучувајќи e-Hybrid, e-Hybrid plug-in и целосно електрични модели. За пазарите надвор од Европа, неелектрифицираните бензински погонски склопови сè уште би можеле да се појават, но засега акцентот е ставен на електричниот. Ќе бидат достапни и варијанти со погон на предни и на сите четири тркала.
При лансирањето во Европа, клиентите ќе имаат избор помеѓу 48V хибрид со 145 КС, приклучен хибрид со 195 КС или три целосно електрични модели. Електричните опции се движат од верзија со погон на предни тркала со 213 КС до моќни 375 КС во верзијата со погон на сите четири тркала. За да се постигне таа моќност во моделот со погон на сите четири тркала, Jeep разви нов, помоќен заден електричен мотор, специјално дизајниран за Compass, кој нуди дополнителни 49 kW максимална моќност и до 232 Nm вртежен момент.
Кога станува збор за полнење, Compass е опремен со решение за брзо полнење од 160 kW, што му овозможува да се наполни од 20% до 80% за само 30 минути. Исто така, има вграден полнач кој поддржува до 22 kW. Што се однесува до автоомијата, целосно електричните модели можат да патуваат до импресивни 650 км според WLTP циклусот. Jeep ветува дека Compass е повеќе од способен да се справи со тежок терен, а исто така може да се пофали со длабочина на преминување во вода до 470 mm.
За почеток, Jeep ќе го понуди Compass во Европа каде купувачите можат да изберат помеѓу 48V Hybrid со 145 КС или целосно електричниот модел со погон на предните тркала со 213 КС и опсег на возење од 500 км. Stellantis потврди дека производството на новиот Compass за Европа ќе се одвива во Италија.


