Кинескиот Nio ја лансираше својата нова марка Firefly
Засега единствениот нејзин модел иницијално беше планиран да се појави прво во Европа а потоа во Кина, но желбите за тоа се изјаловија со воведувањето на царините кои за овој производител се поставени на 20,8 отсто.
Тоа е и една од причините зошто цената на малиот електричен автомобил во Европа е поставена на 30 илјади евра што е повеќе од двојно отколку на домашниот пазар. Почетокот на продажбата на Стариот континент ќе биде во Холандија и Норвешка во втората половина од годинава а потоа ќе се прошири и на други засега неспецифицирани пазари.
Дефиниран како високоефикасен автомобил за урбана мобилност кој нуди паметни и квалитетни решенија, Firefly располага со 143 коњски сили кои ќе го забрзаат до 100 километри на час за осум секунди. Батериите според WLTP нормите нудат автономија од комбинирани 330 километри, но производителот нагласува дека таа во градски услови на возење се искачува и до 470 километри.
Стандардното полнење од 10 до 80 отсто трае половина час а возилото е способно да напојува со струја и надворешни уреди. Должината од четири метри и погонот на задните тркала ветуваат за оваа класа возила пространа внатрешност која е едноставно дизајнирана.
На опремата која вклучува и загревани седишта и управувач не може ништо да ѝ се замери, а за пофалба е и тоа што возилото може само да пронајде доволно голем простор за паркирање и автоматски да се смести на него.
Покрај во Европа, Nio планира да го лансира овој автомобил уште и во Јужна Америка и некои земји географски блиски до Кина.


