Премиера – Audi A6 Sedan

Со новата генерација А6 „Господарот на прстените“ докажува дека знае што е бизнис лимузина на иднината

По малку не обичен редослед Audi прво ја претстави караванската верзија на А6, а сега ја лансира својата бизнис лимузина која секогаш имала многу поклоници.

И на самоит почеток од Инголштад порачуваат дека нејзината аеродинамичност е на врвно ниво. Само 0,23 е отпорот на воздухот што ја прави најаеродинамичниот модел со мотори на согорување. Тоа го потврдува контурата што комбинира елеганција и спортски стил.

Впрочем, тоа Audi го имплементирал секогаш во своите модели од оваа класа, па не треба да изненадува што новата А6 ги распламтува страстите повторно. Спортските манири на возење се второто име на лимузините со четири прстени. Со опционалната адаптибилна воздушно потпирање понуденоа е синтеза на спортското и комфорот.

Споредено со стандардната постава, каросеријата е пониска за 20 милиметри, додека во спортскиот модус на поставеност  таа се спушта за дополнителен сантиметар. Уште едно опционално остварување ја прави новата лимузина уште по агилна. Тоа е управувањето на сите тркала кое овозможува уште поагилни и прецизни маневрирања со директен одговор на командите на управување.

При мали брзини ги врти задните тркала до пет степени во спротивна насока на предните тркала со што ја подобрува управливоста во градски цилкус на возење и остри свиоци. На средни и големи брзини овој систем ги врти задните тркала во иста насока со предните за да овозможи попрецизно маневрирање.

Иако Audi е фокусиран на електрификацијата во новиот A6 се нудат благо електрифицирани бензински и дизел мотори. Тие се застапени со 2.0 TFSI бензинец со четири цилиндри и 2.0 TDI дизел со исто толку цилиндри, и двата произведуваат идентични 204 КС.

Тука е и помоќниот шест цилиндерски 3.0 TFSI со 367 КС. Сите се впрегнати со системот MHEV Plus опремен со батерија од 48 волти. Со полн гас, електричниот мотор може да обезбеди дополнителни 24 КС и 230 Nm вртежен момент, а исто така користи енергија од сопирањето за полнење на малата батерија.

Според Audi, оваа поставка му овозможува на A6 да вози исклучиво на електрична енергија за време на маневри со мала брзина, како паркирање или ползење низ градскиот сообраќај. Она што се истакнува, исто какоо и кај караванската каросерија е „првокласно патничко искуство“ потенцирано со 30% поголема звучна изолација во однос на претходниот модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER