Во фабриката во Берлин работниците на Mercedes-Benz имаат нови колеги -хуманоидни роботи
На производствените ленти во индустријата нема многу време за муабетење помеѓу колегите. Со воведувањето на хуманоидни роботи Mercedes-Benz ќе воведе апсолутна тишина во комуникацијата помеѓу работниците.
Со децении, фабриките за автомобили се потпираа на огромни индустриски роботи за да помогнат во изработувањето на возила. Сега се одвива фазата на тестирање, која започнува да ги загрижува работниците и синдикатите поради можноста роботите да ги зазимаат работните места.
Како што тврдат од Mercedes-Benz работните позиции на кои работат луѓето се безбедни – барем засега. Роботите Аполо првично се користат за внатрешна логистика и се фокусираат на повторливи задачи. Тие можат да преместат компоненти или модули на производната линија, каде што квалификувани техничари ги собираат и ги инсталираат во возилата.
Тие исто така може да се користат за спроведување на првични проверки на квалитетот на деловите. Тоа до скоро беше дел од научно-фантастичните филмови, но воедно, дава увид на тоа како би можела да изгледа иднината на фабричката работа.
Она што е интересно е дека вработените во Mercedes-Benz не стојат само наоколу гледајќи како роботите ја вршат целата работа, бидејќи тие се вклучени во обуката на хуманоидните роботи преку телеоперација и проширена реалност. Овој процес им овозможува на роботите да научат да работат автономно, намалувајќи ја потребата за постојан надзор.
Сепак, роботите бараат само надополнување, не бараат омор, пауза, бонуси и немаат здравствени проблеми, па загриженоста за работните места е оправдана. Mercedes-Benz не е единствениот производител на автомобили што го тестира производството со ваква технологија. Tesla го продолжува развојот на сопствен хуманоиден робот, додека BMW почна да користи напредни роботи во својата фабрика во Јужна Каролина минатата година.
И во 2024 година, кинескиот бренд Dongfeng Motors воведе робот со вештачка интелигенција во својата фабрика. Слично како Аполо, роботот на Dongfeng помага при инспекции и логистика, докажувајќи дека иднината на производството несомнено станува се пороботизирана од ден на ден.


