Европската комисија не мирува кога се во прашање кинеските возила наменети за Европа. Нова акција што се превзема е скенирање на инвестициите што ги прават кинеските производители на возила во ЕУ. Во прелиминарна фаза на истрага е фабриката на BYD што се гради во Унгарија под сомнение дека добила субвенција од Кина за оваа инвестиција.

Доколку Брисел утврди дека кинеската компанија имала „неправедна државна помош“, може да ја принуди да продаде некои средства, да го намали капацитетот на производство, да го натера инвеститорот да ја врати субвенцијата и потенцијално да плати казна за неусогласеност. Познато е дека кинескиот BYD во новата фабрика во Сегед сака да ги произведува моделите Seal, Atto3 и Dolphin за европскиот пазар. Дали е ова е политички потег испровоциран од унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е гласен критичар на ЕУ или е дување во кисело млеко ќе покаже времето.
Унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока, изјави за дека Будимпешта не била информирана за истрагата, но не е изненадувачки и општо е познато дека секоја инвестиција што се случува во Унгарија се појавува на радарот на Комисијата многу брзо, а Комисијата со двојно внимание ја следи секоја одлука за државна помош што се случува во Унгарија. Засега нема никакви коментари од страна на BYD.

