Alfa Romeo – Силно свртување кон електромобилноста

Редизајнот носи хибриден и електричен погон, а Миланезите ќе се набилдаат со сила благодарение на новата платформа

Alfa Romeo ги објави плановите за иднината на Миланезите, но изостави официјално да соопшти дека во следните два месеци изведбите на Stelvio и Giulia со мотори на согорување ќе бидат симнати од понудата.

Имено, како неофицијално дознаваме, производството на Giulia Quadrifoglio завршува на крај на месецов, Stelvio Quadrifoglio на крајот на април додека задните примероци на двата модели во изведбите Sprint, Veloce и Intensa ќе ја завршат кариерата на 31-ви мај. Со редизајнот на двата модели  кросоверот ќе се нуди со електрични погонски единици, како и со хибриден бензински мотор.

Производството ќе се одвива во Италија и Stelvio ќе биде изграден на платформата STLA Large, која ја користат американските роднини Dodge Charger, Jeep Recon и Wagoneer S. За следната година планирана е и новата генерација на Giulia, а варијантите Quadrfioglio би можеле да имаат повеќе од 900 КС. Оваа архитектура поддржува возила долги од 4,8 до 5,5 метри и би можеле да достигнат во електрична верзија автономија до 800 километри.

Сѐ уште е рано да се зборува за силата, но сегашните решенија овозможуваат погон на сите тркала благодарение на два мотори кои имаат системски  462 КС  имплементирани во Charger R/T кој со Scat Pack испорачува 637 КС и 849 Nm вртежен момент. Сепак зборуваме за италијанска марка длабоко поврзана со трките и перформансите, па се очекува Stelvio да биде далеку помоќен.

На овие надежи се надоврзува изјавата на поранешниот извршен директор Жан-Филип Импарато кој пред неколку месеци изјави дека варијантата Quadrfioglio може да достигне 954 КС и дека од таборот на Alfa Romeo ќе се обидат да достигнат 1.000 КС.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER