ЕУ ја олабави омчата на автомобиската индустрија

Со едноставно административно решение производителите на возила ќе се спасат од високите казни за надминување на просечните емисии на јагленород диоксид.

Ова решение е привремено бидејќи наместо на годишно ниво постигнувањето на целите треба да се разгледува на секои три години. Така без да се менува законската регулатива на производителите ќе им биде дозволено годинава да ги надминат годинешните пропишани прагови на емисија на СО2 но за да се спасат од казните треба во наредните две години да го надоместат тоа.

Официјално ваквата одлука ќе биде донесена заради технички причини иако никој не крие дека вистинската намера е на автомобилската индустрија да и се даде флексибилност која во моментов ја нема. Се очекува целата процедура околу тоа да биде завршена до крајот на месецов. За намалувањето на просечните емисии досега најмногу беа заслужни електричните возила.

Но заради слабиот интерес за нив, авто-индустријата ја очекуваат милијарди евра казни бидејќи се плаќаат по 95 евра за секој надминат грам по произведено возило. Единствен начин да се спаси од огромните еколошки намети е здружувањето во виртуелни сојузи со некој производител на електрични возила, за што, според аналитичарите,  производителите плаќаат по 300 милиони евра годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER