Lotus Emira Turbo SE – Последниот бензинец

После 10 илјади продадени примероци Lotus лансираше нова верзија на својот последен бензински модел.

Означен како Emira Turbo SE тој има дволитарски турбо мотор од Mercedes-AMG со 405 коњски сили и 480 њутн-метри максимален вртежен момент.

Погонот е на задните тркала до кои силата стигнува исклучиво преку осумстепен менувач со двојна спојка. Очекувано перформансите се само малку подобри од 3,5 литарската V6 верзија со мотор од Toyota бидејќи располагаат со иста количина коњски сили – забрзувањето до сто е за четири секунди а максималната брзина 290 километри на час.

Скоро иста е и цената која изнесува 90 илјади фунти. Но затоа ослонувањето е поспортско, сопирачките унапредени а електрониката располага и со launch control систем. Автомобилот е облагороден уште со тркала од 20 инчи, алкантара во кабината и црни издувни цевки.

Не е исклучено понудата во иднина да биде збогатена и со хибридна верзија, веројатно со јапонска погонска група. Emira заедно со електричната Evija се произведуваат во Велика Британија додека Emeya и Eletre доаѓаат од Кина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER