Италија – На повидок скандал со електричните возила?

Италијанските власти се сомневаат дека групациите Stellantis, Volkswagen и марките Tesla и BYD ги доведувале во заблуда купувачите на ЕВ

Италијанските пазарни инспектори отворија истрага за тоа дали купувачите свесно се доведувани во заблуда во поглед на автономијата, потрошувачката на струја и гаранциските услови на батериите. Со истрагата во која е вклучена и финансиската полиција се опфатени  за кои постојат сомнежи дека лажеле за овие податоци. Според италијанските власти докази за ваква практика се среќаваат на веб страниците на компаниите каде се објавувани општи и понекогаш дури и контрадикторни информации. Вистината е дека сите објавени податоци се однесуваат на идеални услови кои теоретски овозможуваат постигнување на наведените вредности, но без објаснувања кои фактори и во колкава мерка во пракса влијаат на нивно намалување. Со италијанската легислатива за вакви прекршоци се предвидени кази од 5 илјади до 10 милиони евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER