Porsche 911 GT3 RS – Со Michelin уште побрз

Porsche 911 GT3 RS е еден од најбрзите автомобили, а со новите пневматици на Michelin ќе биде уште побрз.

Новите пневматици ја имаат ознаката Pilot Sport S5 и се развиени специјално за Porsche 911 GT3 RS за возење на студено време и во дождливи услови.

Двете компании кои работеа на нив уште од 2022 година заеднички наведуваат дека новите пневматици ветуваат подолг век на траење во редовен сообраќај и подобро однесување на тркачките патеки. Имаат газечки слој со длабочина од 7,4 милиметра и четири големи централни канали за исфрлување на водата.

Смесата содржи повеќе силициум-диоксид што им овозможува оптимално да функционираат на температури меѓу 4 и 16 степени. Сето ова резултираше со за 10 секунди подобро време по круг на тест патеката на Michelin долга 2,7 километри.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER