Audi оди во луксузниот сегмент?

Audi сака да се искачи на луксузната скала без да го загрози Bentley

Луксузните возила како Grandsphere и Urbansphere Concepts би можеле да создадат сериски модели. Соочени со неможноста рамноправно да конкурираат на BMW и Mercedes кои продаваат значително повеќе возила, во Audi се подготвуваат да се свртат кон луксузниот сегмент.

Според плановите стратегијата ќе биде да се зголеми престижот на марката за да се пласираат поскапи автомобили со што ќе се анулира намалувањето на продажбата. Во прилог на тоа оди и исфрлувањето на A1 и Q2 од понудата како и благото пазарно поместување на свежо претставените Q5 и A6 e-Tron.

Тоа сепак нема да биде доволно заради што ќе се преземат чекори за воведување нови модели од највисоките класи, за што како основа ќе послужат концептите од таканареченото Sphere семејство.

Посебно Grandsphere кој како луксузна лимузина ќе помогне да се помести перспективата која купувачите ја имаат за Audi во автомобилската хиерархија. Но не треба да заборавиме дека под контрола на Volkswagen се уште и Bentley и Porsche, што очигледно ќе биде лимит до каде Audi може да оди со пазарното репозиционирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER