Cupra Dark Rebel – Доаѓа во оваа деценија

Спектакуларниот концепт ќе влезе во понудата на Cupra пред 2030-та година и ќе биде електричен.

За шесте години откако се раздели од SEAT и тргна по својот пат, Cupra успеа да си направи сопствен имиџ преку моделите Formentor и Terramar, а на нив наскоро ќе се придружи и Raval.

Амбициите не застануваат тука и компанијата има големи планови за иднината. Како што пренесуваат нашите шпански колеги, челниците на групацијата VW го имаат одобрено понатамошниот развој на серискиот GT автомобил кој е најавен со концептот Dark Rebel, прикажан на смотрата на автомобили во Минхен 2023-та.

Серискиот модел треба да биде 2+2 купе кое ќе ја почитува естетската формула на големите спортски автомобили. Доколку дизајнерите се водат по тој рецепт, тогаш контурата ќе ја задржи својата Shooting Brake форма, со долга хауба, патнички простор поставен одзади и многу ниска положба на возење. Ако сите параметри се формирани, зошто да се чека уште неколку години? Одгворот е едноставен.

Шпанската марка ќе го гради GT моделот врз база на електричната технологија на Porsche и мора да почека да бидат реализирани најавените електрични верзии на Boxster и Cayman кои треба да се лансираат на пазарот во 2027 година. Прилагодувањата и техничките спецификации влијаат на динамиката на возење на секоја марка посебно, како и електричните мотори.

Cupra планира моторите да произведуваат не помалку од 300 КС, но ниту со повеќе од 500 КС. Тој опсег е повеќе од доволен за да се понудат различни верзии, при што најосновната е со погон на задните тркала, а останатите со погон на сите тркала и со автономија од околу 600 километри.

Најдоброто нешто што ќе се случи е тоа што се планира новиот GT да биде на улица во рок од пет години, а лоша вест е што ќе биде само електричен.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER