Не постои човек што не го смета Rolls-Royce за божество помеѓу автомобилите
Заслуги за создавањето на името кое е синоним за врвен квалитет имаат скоро сите модели од историјата на марката но најмногу Phantom.
Тој воедно е и единствен во светот кој буквално цел еден век е дел од автомобилската сцена.
Првата генерација се појави во 1925 година и како ултимативен луксузен автомобил достапен само на најбогатите од самиот почеток располагаше со неспоредлива удобност и техничка совршеност.
Така започна ерата на иконата која ги поставуваше стандардите за елеганција и грациозност со сите свои генерации досега, вкупно осум. Беше избор на многу познати и славни личности, на кои компанијата им ги исполнуваше сите желби во поглед на изборот и опременоста.
Ништо не беше проблем сé додека можат да платат за тоа, а автомобилите им се одолжуваа со својот престиж и долготрајноста. Се проценува дека околу 75 отсто од сите возила произведени било кога сé уште се во употреба.


