Peugeot – Европски лидер во два сегменти

Peugeot во 2024 година постигна 35% од продажбата да бидат електрифицирани возила

Во предизвикувачката и конкурентна 2024 година, продажбата на електрични возила во Европа се зголеми за 8% во споредба со 2023 година. Во овие услови, Peugeot повеќе од двојно го зголеми пласманот на електрични автомобили во овој период.

Со вкупно продадени скоро 1,1 милиони возила дури 35% од нив беа електрифицирани. Оваа категорија ги опфаќа целосно електричните возила, со погон на приклучен хибрид и благи хибриди. Францускиот лав доминира во сегментот на електрични градски автомобили со Peugeot E-208, како и во сегментот на електрични лесни комерцијални возила.

Таму царуваат Peugeot E-Partner, Peugeot E-Expert и Peugeot E-Boxer. Забележливото искачување на пазарот го потврдува лансирањето на Peugeot 3008, модел што прокнижи  повеќе од 100.000 нарачки на трите изведби на погони. Најголем бастион на Peugeot е Европа каде пласира три четвртини од произведените возила, а на глобалната сцена забележани се 25,1% од вкупната продажба на брендот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER