По успешно завршената 2024, година во која Opel Corsa четврти пат по ред го зазема првото место по продажба во класата на мали автомобили во Германија, продолжува со својот поход и годинава.
Corsa доби три нови атрактивни бои. Со еукалиптус зелена, кобалт сина и бакнеж црвена, се истакнуваат специфичните дизајнерски линии на каросеријата во комбинација на покривот офарбан во црна боја како и црниот Blitz на Opel Vizor и натписот CORSA на задниот дел.сега ја прават Сorsa уште позаводлива.
Овој специјален модел доаѓа и со 16-инчни двобојни тркала. Нагласувањата во внатрешноста што одговараат на соодветната надворешна боја се обезбедени со украсните елементи во зелена, сина или црвена боја. Ергономски спортски предни седишта во црна боја удобно и цврсто го држат телото при свиоци.
За дополнително уживање во возењето, во понуда е опционалниот Комфорт пакет со функција за повеќестепено греење на седиштата во предниот ред и загревање на кожниот управувач. Трите нови бои се достапни за сите погонски изведби на Corsa без оглед дали ќе се одлучите за мотор со согорување, благ хибрид или 100% електричен погон.


