Кинескиот BYD продолжува со дополнувањето на својата европска понуда, овој пат со предизвикувачкиот Atto 2. Овој субкомпактен кросовер долг 4,3 метри кој во другите делови во светот се продава како Yuan Up или Yuan Pro е преставен лани ова време. Тогаш ја разбранува автомобилската индустрија со напредните Blade батерии со литиум-железно-фосфатни ќелии кои во европските верзии ќе му обезбедуваат автономија од 300 или 400 километри. Симпатичниот изглед му го даваат тенките ЛЕД светла и меките линии на каросеријата со лебдечки покрив, а во внатрешноста има два големи екрани за возачот и мултимедискиот систем кој може да се ротира. Пријатен детаљ е централниот тунел на две нивоа и кристална рачка на менувачот, но возачот повеќе ќе се радува на неговите 177 коњски сили. Цените на овој модел кој во Кина чини меѓу 13 и 16 илјади евра не се објавени, но се очекуваат да бидат двојно повисоки од тоа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER