Американците со радикален потег
Колку и да звучи параноично, лесно може да се случи Американците да забранат увоз на автономни возила и делови и технологии за нив од Кина и Русија. За ова наводно се размислува заради опасност по националната безбедност на земјата и нејзините граѓани. Иницијативата е на министерството за трговија и треба да се сфати сериозно. Во предлогот е наведено дека системите во автономните возила овозможуваат екстерна комуникација преку разни технологии, вклучително блутут, мобилни, сателитски или Wi-Fi сигнали и можат да се искористат за шпионирање на инфраструктурата и предизвикување потенцијали пореметувања во функционирањето на разни инсталации низ државата, не само воени. Администрацијата на Белата куќа е на мислење дека иако кинеските и руските автономни возила и технологии за нив во моментов не играат некоја значајна улога во земјата, тоа брзо може да се смени бидејќи предничат во светски рамки, посебно кинеските. Доколку ова се усвои, единствени возила ко би биле исклучок се оние наменети за употреба во земјоделството и рударството.


