Зошто воопшто чекаа толку време?!
Фасцинантниот концепт на Hyundai со ознака N Vision 74 претставен на средината на 2022-рата конечно се најде на списокот автомобили кои ќе влезат во сериско производство. Точно кога не е познато – се знае само дека тоа ќе биде до 2030-та година. Имено, како што беше објавено на денот на инвеститорите, овој модел ќе биде меѓу планираните 21 електрично возило кое компанијата ќе ги лансира до крајот на деценијата како дел од планот дотогаш да ја зголеми својата глобална продажба за 30 отсто. Секако, овој претставителен спортист нема да прави големи бројки но ќе влијае на имиџот на марката и ќе ги покаже нејзините способности да креира високоперформансни автомобили. Никакви технички детали не се соопштени, така што останува да се шпекулира дали како концептот ќе има водороден погон со 670 коњски сили.



