Михаел Лохшелер нов директор на Polestar

Со нови сили на патот кон ревитализацијата

Кога Polestar во 2017 година се одвои како засебна марка во концернот Geely, си постави јасно дефинирани цели за кои брзо стана јасно дека ќе останат недостигнати. Затоа и загубата што ја остварува компанијата во континуитет изгледа поголема. За да ги ревитализира работите, Polestar од есенва раководењето ќе му го препушти на искусниот и добро докажан Михаел Лохшелер. Тој својата автомобилска кариера започна да ја гради на почетокот на милениумот како финансиски директор на Mitsubishi, за потоа преку неколку функции во Volkswagen во 2012-та да дојде во Opel. Раководењето со компанијата го презеде во нејзините најтешки но перспективни моменти – кога таа премина во рацете на PSA, давајќи ѝ нов живот и одведувајќи ја во профитабилни води за прв пат по две децении. Затоа и сосема е јасно каква ќе биде неговата задача во Polestar, за што помош ќе има и од новиот претседател на компанијата Винфрид Валанд и исто така новиот главен дизајнер Филип Ремерс кој дојде од Audi.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER