Најновото уникатно дело од студиото Bespoke на британскиот луксузен бренд Rolls-Royce има необично име
За неделата на автомобилите во Монтереј, Калифорнија, која започнува на 16-ти август ќе биде претставено уникатната изведба на Spectre под псевдонимот Semaphore.
Уникатното парче има за цел да ги долови смелите можности за формирање луксузно возило по сопствена воља. Очигледно е дека новите инспирации се наменети на самоуверената и богата млада клиентела на брендот која најмногу ја има во Азија. Каросеријата е обоена во „Семафор жолта“ боја поради што и уникатот го добил името.
Оваа светло жолта е акцентирана со уметнички дела на хаубата инспирирани од лежерната елеганција на брегот на Калифорнија.
Графиката наречена „Истурен Мермер“ е апстрактен омаж на Голден Стејт и неговата разновидна околина. За да го создадат овој мотив, занаетчиите на Rolls-Royce нанесоа сребрен лак и повеќе слоеви проѕирен лак за да создадат беспрекорна завршница.
Само хаубата е резултат на над 160 часа дизајн, развој и производство. Светло жолтата шема на бои продолжува и во внатрешноста на возилото во неколку нијанси лоцирани на седиштата, вратите и на таблата со инструменти.
Внатрешноста вклучува и високо сјаен лакиран дрвен фурнир. Сивата боја на кашмир е испреплетена со сребрени снегулки, кои создаваат жив сјај кога се изложени на директна светлина. Spectre е првиот модел на Rolls-Royce кој од самиот почеток е дизајниран како електричен автомобил.
Со него, Rolls-Royce сака да создаде сосема нова класа на улра луксузни електрични суперкупеа. Неговиот ентериер обезбедува рамка за нарачана персонализација од секаков вид. Моделот со две врати е духовен потомок на легендарното купе Phantom.



