Hyundai Ioniq 5 – По три години доби освежување

Корејците направија фејслифт на својот надежен електричен модел и го продолжија за два сантиметри

Иако не правеа никакви измени во меѓуоскиното растојание и каросериските димензии, Корејците успеаа да го продолжат рестилизираниот Ioniq 5 за два сантиметри. Тоа го постигнаа со растегнувањето на надворешниот изглед кое се заснова на задниот спојлер и новите браници.

Тривијално, но влегува во техничката спецификација. Сериозните подобрувања се скриени од погледот. Имено, стандардната автономија се зголемува до 570 километри, а за љубителите на китењето на автомобилите се воведува линијата за спортска опрема N Line X.

Ioniq доаѓа со најновата генерација на „Connected Car Navigation Cockpit“ со безжична интеграција на паметни телефони преку Apple Carplay и Android Auto и интеграција на услуги за стриминг како Amazon Music. Ажурирањата преку воздух (OTA) овозможуваат редовни ажурирања. Ревизијата на моделот вклучува, меѓу другото, целосно префрлување на порти за полнење од типот USB-C и бришач на задното стакло, како и Hyundai Plug & Charge. Ситници, но најверојатно многу значат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER