Pininfarinina B95 Gotham (фото-галерија)

Чини 4,9 милиони евра

Pininfarina го подготви првиот од серијата од четири хиперавтомобили инспирирана од Бетмен. Со ознака B95 Gotham, тој го комбинира електричниот погон на Rimac со каросерија без покрив налик на бетмобил. Автомобилот кој како и другите од серијата е креиран во соработка со продуцентите на Бетмен ќе дебитира идната недела на автомобилскиот викенд во Монтереј, Калифорнија. Како и стандардниот Pininfarina B95 Barchetta од кој има настанато го задвижуваат четири електромотори кои испорачуваат 1900 KS, напојувани од литиум-јонски батерии со капацитет од 120 kWh. Спецификациите не му се во целост објавени, но ќе се движат во рамките дефинирани од хрватската механика, освен цената која ќе изнесува 4,9 милиони евра. Ќе биде направен само еден примерок.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER