Ќе замине ли во историјата уште едно познато име?
Веста дека Recaro банкротираше и започна со процес на самореорганизација ги изненади сите – дури и синдикатите кои знаеја дека години наназад работниците свесно го одложуваа подигнувањето на своите плати за да се задржи финансиската ликвидност на компанијата. Но очигледно и на тоа му дојде крај – сега за судбината на познатиот производител на седишта ќе одлучуваат стечајните управници и доверителите на компанијата која во моментот вработува 215 луѓе. Проблеми ќе имаат и производителите на кои нарачките не можат да им бидат потврдени – сé зависи од моменталната ситуација. Производствената програма на Recaro не опфаќа само спортски седишта за автомобилите, туку и за авионската индустрија, седишта за деца, за стадиони и гејмерски столчиња, но овие делови од бизнисот делуваат самостојно и не се засегнати од ситуацијата.
Компанијата Recaro чија историја датира од 1906-тата, од пред четири години е во сопственост на еден приватен американски инвестициски фонд.


