Неколку нови помали модели по 2026 година
Богатата историја на Fiesta заврши лани ова време и после 47 години и 18 милиони продадени примероци Ford за многумина неразбирливо го укина овој еден од најуспешните свои модели. Но сега на повидок е голем пресврт – се чини дека таа место со збогум била испратена само со догледање бидејќи Ford може наскоро да ја врати. Шпекулациите дека тоа може да се случи доаѓаат од променетата стратегија за блиската иднина на марката во Европа која предвидува неколку помали модели после 2026 година, сите електрични, за кои во своите развојни одделенија Ford подготвува нова платформа. Таа ќе биде наменета за компактни и градски модели кои би биле позиционирани под сегашните Explorer и Capri. Од она што официјално се знае е сигурно само дека Puma ќе биде едно он нив, а задругите може да се претпоставува. Но сосема е јасно дека ако се појави класичен некросовер модел, Името Fiesta би било идеално за него.


