Одлуката е донесена
Според добро информирани словенечки бизнис медиуми, францускиот Renault ќе го довери производството на новиот електричен Twingo на Revoz. Оваа информација која официјално ниту е потврдена ниту демантирана ќе биде објавена за некој ден откако ќе се потпише меморандум за разбирање со кој ќе бидат дефинирани деталите за проектот. Новиот модел кој треба да се појави во 2026 година ќе чини 20.000 евра и ќе ја дополни производствената програма на словенечката филијала на Renault која во моментов се состои само од Clio – последните примероци на сегашниот Twingo од таму излегоа минатиот месец. Компанијата од Ново Место во која работат 1.400 луѓе лани оствари приходи од 820 милиони евра, за 12 отсто помалку од 2022-рата, но во исто време го удвои профитот на 9,4 милиони евра.


