Кинеска роботакси револуција

Десет километри за половина долар

Кинескиот град Вухан кој има околу 11 милиони жители станува предводник на роботакси револуцијата – компанијата Apollo Go која е подружница на технолошкиот гигант Baidu располага со флота од 500 автономни возила кои ги опслужуваат граѓаните по неверојатно ниски цени – возење од десет километри со нив чини меѓу 4 и 16 јуани (0,55 до 2,20 долари) за разлика од класичните таксисти кои за истото би наплатиле меѓу 18 и 30 јуани (2,50 до 4,10 долари). Значи, меѓу два и четири пати поевтино. Стратегијата на ниски цени е привремена за да се промовира бизнисот, но сигурно е дека и во иднина цените ќе бидат прифатливи. Apollo Go започна со работа во овој град во 2022-рата, а планира до крајот на годинава да ја удвои својата роботакси флота. Во Вухан моментално возат и околу 17.000 класични такси возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER