Сега во Шпанија
Некогаш британскиот а сега кинески бренд MG ја разгледува можноста за отворање фабрика во Европа. Притиснат од царините кои за него се поставени на ненормални 37,6 отсто плус регуларните 10 отсто, овој производител се соочува со сериозно нарушување на своите досега успешно спроведувани планови за настап на Стариот континент. Затоа и брзо и сериозно е пристапено кон единствената алтернатива – отворање фабрика за електрични автомобили за која одлуката ќе биде донесена до 30 септември. Неофицијално се дознава дека врз основа на претходните активности веќе е избрана локација во шпанската покраина Галиција на северозападот на земјата и дека фабриката ќе биде функционална до крајот на 2027 година.


