Нови технологии, старо име
Засега сé уште без официјална потврда дека навистина ќе се вика Capri, Ford најави нов електричен модел кој ќе претставува купе верзија на европскиот Explorer. Дури и самата вест поддржана со две фотографии кои не покажуваат ништо не е официјална, но сето тоа е дел од маркетинг кампањата за да се зачува мистичноста на моделот.
Според гласините тој ќе има четири врати и три погонски агрегати со моќност во распон од 170 KS до 340 коњски сили. Како и Explorer ќе доаѓа со два пакета батерии за чие 10-80 отсто полнење од капацитетот ќе требаат 25 минути. Повеќе за новиот модел ќе дознаеме за помалку од две недели кога и официјално се соочиме со него.



