Сега со 333 KS
Веќе десеткуваната класата врели хечбеци и понатаму ја предводи Volkswagen Golf R, сега со мотор со 333 коњски сили. Не е најмоќен меѓу нив, но дефинитивно е највлијателен и кај купувачите и кај конкуренцијата. Затоа и за неговиот карактер воопшто не мора да се зборува – секој малку поентузијастички расположен возач точно знае што тој претставува.
Како и досега, во споредба со останатите врели верзии на Golf доаѓа со погон на сите тркала. Силата која преку седумстепениот менувач со двојна спојка ќе се распоредува на нив сега е поголема за 13 коњи во однос на досегашната верзија, што го става Golf R во ранг со Audi S3 и Cupra Leon и Formentor VZ. Работата на диференцијалот и електрониката е унапредена, преносот на силата е поефикасен, а ракувањето со возилото подобрено. Секако, Golf R и понатаму има способност за дрифтање, што му дава посебен за многумина неодолив шарм.
Визуелно Volkswagen Golf R не се многу промени. А зошто и би?! Вниманието го привлекува новиот браник со поагресивни линии, а задните светла се изработени во OLED технологија. Предизвикувачки е и тоа што доаѓа со пет врати и во караванска верзија. Производството и продажбата ќе започнат при крајот на годинава, по цени од скоро 54 илјади евра.




