Nissan Z Heritage Edition – Во слава на Datsun 240Z

За да ја одбележи 55 годишнината на спортскиот  модел Z,  Nissan претставува ограничена серија со ексклузивни дизајнерски елементи

Во 1969 година на пазарот Datsun го претстави спортски стокменото купе Z240. Пред 55 години ретко кој остана рамнодушен на појавата на портокаловата каросерија со изразени спортски контури. Во меѓувреме Datsun беше купен од Nissan но култот „Z“ остана да живее.

Сега, во ограничена количина и со ексклузивни дизајнерски елементи, Nissan Z Heritage Edition, оддава почит на изгледот на S30 генерацијата, која беше претставена пред 55 години со истата портокалова боја на каросеријата. Heritage Edition се базира на Z Performance и се нуди со шест брзински мануелен или девет степен автоматски менувач.

Го привлекува вниманието со деталите кои неодоливо потсетуваат на изгледот на историскиот 240Z. Heritage Edition испод хаубата има три литарски V6 бензинец со твин-турбо и 400 КС, механички диференцијал и Nissan Performance сопирачки со црвени клешти. Nissan Z Heritage Edition ќе почне да се продава ова лето во САД по цена од 59.135 долари.

Дали ограничената серија ќе дојде до европските поклоници на серијата Z уште е неизвесно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER