Новиот чешки електричен адут ќе има својата премиера есенва
Петтиот во гамата и втор електричен кросовер на Škoda ќе има стратешки важна улога за чешкиот производител бидејќи покрај технологиите донесува и сосема нов дизајнерски јазик. Неговиот минималистички изглед комбинира елементи на робусност, функционалност и автентичност, истовремено пренесувајќи чувство на безбедност и сила. Значајно е и тоа што Elroq кој ќе има габарити колку Karoq означува почеток на нова чешка кампања електрични возила кои до 2026-тата се планирани вкупно шест. Многу детали за него нема, но бидејќи ќе се базирана на MEB архитектурата поединостите треба да се бараат кај сличните модели од групацијата.


