Иако Ferrari е електрифициран со неколку модели со приклучни хибриди, ја продолжува лозата на V12 бензински мотор.
Јасно и гласно, Ferrari во инает на трендот на електрификација, сепак останува верен на старот школо. Тоа значи дека има нов модел со бензински мотор поставен напред, погон на задните тркала кои ги „клоцаат“ 12 цилиндри без никаква помош од елекриката.
Само неколку недели по објавувањето дека Ferrari пријави патент за мотор на внатрешно согорување на водород, доаѓа веста дека од Маранело пристигнува нов модел со бензински V12 мотор.
Навистина потег за почит. Новиот модел наречен да звучи мелодично, на италијанскиот кој одѕвонува низ целиот свет како убавата канцона, е наречен едноставно „Dodoci Cilindri“ или преведено на профаниот јазик „12 цилиндри“!
Можеби во него ќе се примени и новиот патент, но тоа ќе биде апликација која ќе се имплементира подоцна. Највројатно… Во форма на купе и спајдер, растегнатото коњче од Маранело ја нагласува својата историја и го претставува наследникот на 812 Superfast.
За оние кои имаат пари и вистинска верба во цилиндрите им се нуди 6,5 литарски V12 бензински мотор кој произведува 818 КС при 9.500 вртежи во минута и 678 Nm вртежен момент при 7.250 вртежи во минута. Овој мотор е резервиран за купе и спајдер каросерија кои ќе се пуштат во продажба при крајот на годинава.
Основната цена на Dodici Cilindri во Италија ќе биде 395.000 евра, додека отворената Spider верзија ќе чини 40.000 евра повеќе. Односот на менувачот во долните брзини е пет проценти пократок за да се подобри забрзувањето.
V12 забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, а максималната брзина е повеќе од над 340 км на час, вредности на кои и електричните супер автомобили можат само да љубоморат.
12 Cilindri има нова алуминиумска шасија со 20 mm пократко меѓуоскино растојание од знаменосецот Ferrari 812, за да ги подобри возните својства. И покрај тоа, новиот суперстар е 25 килограми потежок од 812 Superfast и на вагата покажува 1.560 кг!
Сепак, тој е многу поагилен и побрз од својот претходник. И на крај на краиштата, неговиот 100 литрен резервор се полни за две минути!


