Subaru Legacy – Оди во пензија

Напредокот макар бил и во погрешна насока си има своја цена и така трансформацијата на пазарот го забрза крајот на лимузинскиот Subaru Legacy.

Овој модел кој се појави пред три ипол децении никогаш не го најде местото на пазарот кое го заслужуваше. Јапонските инженери го вложија сето свое знаење во него, до толку што купувачите не ги препознаа во целост неговите напредни особености.

Затаи и маркетингот и како резултат моделот го ценеа само потесен круг вистински познавачи на автомобилската техника. Инертноста на раководството на јапонскиот производител го одржа во живот сé досега, кога дојде време тој да го отстапи своето место на кросоверската понуда на марката. Последниве пет години Legacy се произведуваше и продаваше само во Америка, секако со боксер мотор и погон на сите четири тркала и по цена која не надминуваше 25 илјади долари.

Но и покрај тоа годишно едвај наоѓаше по дваесет и нешто илјади купувачи, за разлика на пример од Forester кој се продаваше за пет до шест пати подобро. Според информациите од Subaru од седумте генерации на Legacy досега во Америка се продадени 1,3 милиони примероци. За нивниот квалитет сведочат и 94-те отсто од возилата стари до десет години кои се во возна состојба и учествуваат во редовниот сообраќај.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER