Jaguar Land Rover – Платформа на Chery за аристократијата

Jaguar Lend Rover е првиот производител на луксузни возила што ќе ја користи палтформата на Chery за своите ЕВ?

Веднаш по објавувањето дека Chery планира да започне со производство на возила во Шпанија, дојде уште една изненадувачка вест, уште официјално непротврдена. Кинеските медиуми веќе една седмица најавуваа дека е многу извесно еден европски производител на луксузни возила да ја превземе технологијата за ЕВ на кинеската марка.

Пред два дена Exeed, во сопственост на Chery, го претстави знаменосецот Exlantix ET поставен на најновата електрична платформа Е0Х од 800 волти a батериите даваат автономија до 760 километри. Сега е веќе извесно дека британскиот JLR (Jaguar Land Rover) ќе биде таа европска марка што ќе ја употреби новата платформа за своите идни возила. Тоа и не треба многу да изненадува бидејќи Jaguar Land Rover, во сопственост на индиската Tata Motors, има заедничко вложување со Chery во Кина со еднаква сопственост, и за тамошниот пазар ги произведуваат „благородните возила“ чија бројка надмина 500.000 примероци.

JLR соопшти дека ќе инвестира 15 милијарди фунти во следните пет години, кои ќе бидат потрошени првенствено за надградба на фабриките, со крајна цел да стане чисто електричен бренд до 2030 година. Како што е планирано во моментов, марката Jaguar ќе ја користи најновата електрична технолошка платформа на Exeed, додавајќи дека првиот модел на оваа платформа ќе биде пуштен во продажба веќе во втората половина на годинава. Уште не е официјализирано кој модел и од која марка на групацијата JLR ќе биде.

Искористувањето на постојните технолошки платформи на кинеските производители на нови енергетски автомобили ќе ја зголеми фреквенцијата на лансирање на електричните модели на JLR. Ова се однесува на глобалната стратегија на компанијата која гледа нов почеток и шанса за експанзија во ерата на БЕВ. Се разбира, со мала помош на пријателите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER