Карлос Таварес – Alfa Romeo не се продава, имаме големи планови за Миланезите

И покрај одлуката да се произведува Milano надвор од Италија, Stellantis има големи поланови за Alfa Romeo и ги одби кинеските купувачи

Milano, првото целосно електрично возило на Alfa Romeo, исто така е првиот модел на Миланезите што се произведува надвор од Италија од основањето на компанијата, во далечната 1910 година. Таквата одлука е донесена поради кратењето на трошоците и овозможувањето миланскиот шармер да биде поевтин на пазарот за 10.000 евра. Тој ќе се произведува во Тиши, Полска, заедно со братските модели, Fiat 600 и Jeep Avenger.

Иако имаше понуди Alfa Romeo да се купи од трети компании, Stellenatis ги одби тие поредлози, најавувајќи дека има големи планови за компанијата. Производството во Полска занчи намалување на трошоците и поголем конкурентност на пазарот на ЕВ. Ова е чуствително прашање за Италијаните, но опстанокот и развојот на Alfa Romeo се во прашање. Во следните две години на пазарот треба да се пласираат два модели.

Таварес потврди дека следната генерација на теренец со средна големина Stelvio, кој треба да се појави во 2025 година, и седан со средна големина Giulia, кој треба да се појави во 2026 година, ќе продолжат да се произведуваат во Касино, централна Италија. Alfa Romeo генерира[e оперативен профит од околу 500 милиони евра минатата година. Затоа Ѕtellantis ја одбил понудата да го продаде Alfa Romeo на кинески производител бидејќи компанијата повторно станала профитабилна. Истото се однесува на француските марки Citroen, DS и Peugeot за чие купување се одбила понудата, исто така од кинески производител, од истите причини.

Карлос Таварес долго време ја спроведува доктрината на профитабилноста пред волуменот на производство, или како тој ја нарекува, „вредноста над обемот“. Тоа доведе до зголемени заработките на групацијата. а нагласува и дека нето приходот е секогаш во фокусот наместо целите за продажба. Прилагодената маржа на оперативен приход на Stellantis беше 11,2 проценти во 2023 година и предвидува двоцифрена профитна маржа за 2024 година и покрај потешките пазарни услови.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER